Косово: Собранието не е конституирано ниту по 48 обиди, седницата продолжува в сабота

17.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Косово: Собранието не е конституирано ниту по 48 обиди, седницата продолжува в сабота

Од 100 присутни пратеници, за формирање на комисијата гласаше 51 пратеник.

Пред гласањето, пратеникот од Демократската партија на Косово, Рашит Ќалај, побара збор, но претседавачот на Собранието, Авни Дехари, побара да ја напушти говорницата и на службата ѝ нареди да му го исклучи микрофонот. Истото се случи и со пратеникот од Демократскиот сојуз на Косово, Албан Зогај, и пратеничката од Алијансата за иднината на Косово, Тиме Кадријај.

Следното, 49-то, продолжение на конститутивната седница е закажано за в сабота, 19 јули.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата