Кос: ЕУ е загрижена за владеењето на правото во земјите кандидатки од Западен Балкан

17.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кос: ЕУ е загрижена за владеењето на правото во земјите кандидатки од Западен Балкан

Европската унија останува загрижена за владеењето на правото во земјите-кандидатки, иако има опиплив напредок во оваа област, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос по вчерашниот совет за општи работи во брисел посветен на владеењето на правото.

 Споменувајќи ги Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија, таа рече дека патот до членство во најголем дел ќе зависи од тоа колку земјите членки напредувале во владеењето на правото.

 На состанокот присуствуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој оцени дека Извештајот за Македонија во оваа сфера потврдува реален напредок, но и дека истовремено остануваат предизвици кои не смеат да се игнорираат..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата