Во однос на април годинава, бројот на невработени е намален за 10,6 отсто или 10.493 лица, објави ХЗЗ.
Ова покажува дека на домашниот пазар на труд се уште постои силна побарувачка на работна сила, пред се поради туристичката сезона.
Според дневните податоци на ХЗЗ, во Институтот во моментов се пријавени 84.324 невработени, а објавени се 21.104 слободни работни места.
Во текот на мај во регистарот на невработени во ХЗЗ се ново регистрирани 8.318 лица, што е за 16,7 отсто помалку од мај минатата година./МИА