Иселувањето на млади работоспособни граѓани ја чини Албанија милијарда евра годишно

15.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иселувањето на млади работоспособни граѓани ја чини Албанија милијарда евра годишно

-Албанија губи и до 1 милијарда евра годишно од иселувањето на младите. Бројката е објавена во најновата студија на фондацијата Вестминстер (Westminster) која пресметува дека за секој човек што ќе побегне загубата е околу 15 илјади евра. Студијата го зема предвид иселувањето на 41.700 луѓе кои заминале минатата година, од кои 37.500 биле работоспособни. Под претпоставка дека ја постигнале целта и веднаш се вработиле во земјата домаќин, загубата на бруто додадената вредност изнесува 455 милиони евра, со директен ефект врз Бруто домашниот производ, објавија медиумите.

Друг податок е „штетата со загубени инвестиции во образованието“.

-Млад човек кој завршил студии во 2018 година чини околу 6.000 евра за основно училиште, 9.300 евра за средно и 18.300 евра за високо образование. Ако се пресметаат и трошоците за докторски студии, тие достигнуваат 32.000 евра, а заминувањето на младите носи загуба од 200 до 500 милиони евра годишно, стои во студијата.

Од друга страна, поволностите што земјава ги добива од имигрантите се дознаките, кои заедно со други извори  доаѓаат од странство и достигнуваат до 1 милијарда евра годишно, успеваат да ја балансираат тежината на економската загуба од емиграцијата. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата