Исчезнаа две тинејџерки од Грција- влегле во такси и втор ден им се губи трагата

1.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исчезнаа две тинејџерки од Грција- влегле во такси и втор ден им се губи трагата

Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ веднаш по налог на обвинителството објави детали за малолетничките бидејќи постојат причини поради кои се смета дека нивните животи се во опасност.

Елефтерија С. има црна коса, кафени очи, висока е 1,70 метри и тешка 85 килограми. На денот кога исчезнала, носела црна тренерка со бела лента, без блуза, црна јакна и бели патики.

Екатерини П. има кафена коса, кафени очи, висока е 1,65 метри и тежи 80 килограми. На денот кога исчезнала носела бела блуза, црн џемпер, црни панталони и бели патики.

Полицијата апелира доколку некој има информации да се обрати до полициските станици или на европската телефонска линија за исчезнати деца 116000.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата