Исчезна момче од Србија на Кипар- последен пат ѝ се јавил на мајка си да каже дека е болен

29.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исчезна момче од Србија на Кипар- последен пат ѝ се јавил на мајка си да каже дека е болен

Како што се наведува на мрежите, тој сам отпатувал за Кипар каде пристигнал во четвртокот на 18 јули и бил сместен во хостел кој има соби со 7-8 кревети.

„Доколку сте го виделе или слушнале, ве молиме контактирајте ме веднаш или јавете се во полиција. Последен пат разговарав со него минатата недела на 21 јули на WhatsApp, а тој подоцна го посети барот каде што работам. Беше здрав и среќен. Денеска бев контактиран од неговата мајка од Србија, која изјавила дека го пријавила за исчезнат“, се наведува во соопштението.

Мајката на Александар последен пат разговарала со синот на 24 јули, кога тој ѝ кажал дека е болен и има вирус, пишува Блиц.

„По тој повик, неговиот телефон стана недостапен и никој не може да стапи во контакт со него. Семејството е многу загрижено. Неговите работи биле оставени во хотелот откако тој излегол во петокот вечерта на 26-ти јули на забава. Ако некој го видел или слушнал , ве молам испратете ми порака за да се обидеме итно да го најдеме“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата