Според истиот извор, кога станува збор за природниот прираст на населението (раѓања-смртни случаи) во 2024 година евидентирани се 1.208 повеќе раѓања отколку смртни случаи.
- Проценките на населението на 1 јануари 2025 година покажуваат дека само регионот на Тирана евидентирал зголемување на населението, во споредба со претходната година за 0,2 отсто. Најголемо намалување на населението е забележано во регионите Скадар со 2,5 отсто и Кукс со 2,3 отсто, стои во извештајот на ИНСТАТ.
Тирана, Фиер и Елбасан имаат најголем удел во вкупното население.
На 1 јануари 2025 година во Тирана живеело околу 32,2 отсто од вкупното население, продолжувајќи да биде најнаселениот регион во земјата, по што следуваат Фиер и Елбасан со 9,9 односно и 9,6 отсто.