Илјадници се собраа во Белград на собирот „Србија не ја даваме“, ќе се обрати Вучиќ (ВИДЕО)

12.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Илјадници се собраа во Белград на собирот „Србија не ја даваме“, ќе се обрати Вучиќ (ВИДЕО)

Вчера, тридневниот „сенароден собир“ наречен „Србија не ја даваме“ започна со развиорување на државното знаме долго 200 метри и широко 10 метри по двете централни улици на Белград, на кое српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани своите приврзаници по повод основањето на Движењето за народот.

Централната манифестација се одржува вечерва од 19 часот, а бината е поставена на платото пред српскиот парламент каде се собрани десетици илјади граѓани и приврзаници на Вучиќ. Српскиот претседател се очекува наскоро да се обрати пред насобраните граѓани.


© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата