Ѓуриќ и Рубио се договорија во Вашингтон за стратешки дијалог меѓу Србија и САД

6.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѓуриќ и Рубио се договорија во Вашингтон за стратешки дијалог меѓу Србија и САД

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска, на средба во Вашингтон, се согласи со министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, дека Србија и САД ќе одржат билатерален стратешки дијалог подоцна оваа година со цел зајакнување на економските и безбедносните односи, соопшти Стејт департментот.

На Веб страницата на Стејт департментот се нагласува дека САД се посветени на заемно корисен однос со Србија, што може да придонесе за граѓаните и интересите на двете земји.

Се наведува дека се разговарало и за важноста од деескалација на тензиите на Западен Балкан, првенствено во Косово и Босна и Херцеговина, како и за тоа како да се подобри регионалната стабилност и да се подготви теренот за економски раст и напредок. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата