Грција испраќа два авиони во Албанија за справувањето со пожарите

11.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција испраќа два авиони во Албанија за справувањето со пожарите

Воздушна помош ѝ обезбедува Грција на Албанија со испраќање на два противпожарни авиони од типот ПЗЛ за гаснење на големиот шумски пожар што избувна во областа Кронѓ во општина Фојник, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека помошта е по билатералното барање од Министерството за национална одбрана на Албанија до грчкиот координативен центар за операции и управување со кризи.

Двата авиони од типот ПЗЛ од воздухопловната база на Крф ќе се упатат кон погоденото подрачје во јужна Албанија со цел да помогнат во гаснењето на пожарот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата