Гром уби маж во Црна Гора, додека собирал сено- силно невреме на северот на земјата

20.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гром уби маж во Црна Гора, додека собирал сено- силно невреме на северот на земјата

Полицијата од Беране за порталот RTCG изјави дека денеска биле зафатени од бура на планината додека балирале сено.

„Се засолниле од дождот во блиската колиба. Потоа се случил удар од гром. Среќа е што немало повеќе жртви или повредени бидејќи на истото место имало неколку жители на тоа беранско село“, соопшти полицијата.

Околу 17 часот, кога се случила трагедијата, делови од територијата на Беране, на северот на Црна Гора, биле погодени од голема бура со дожд, грмотевици, град и силен ветер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата