Белери, кој е етнички Грк, беше уапсен два дена пред локалните избори во Албанија на 14 мај 2023 година, под обвинение за купување гласови. Во март годинава беше осуден на две години затвор. Од грчка страна ја доведоа во прашање правичноста на судскиот процес против него и јасно ставија до знаење дека тоа може да ја загрози европската интеграција на Албанија.
Грчкиот премиер Мицотакис под притисок на дел од јавноста го стави Белери на листата за европските избори. Но, се поставува прашањето дали Нова демократија ќе инсистира Белери да биде пратеник во европскиот парламент и дали Албанија ќе се согласи со негово ослободување од затвор.