Грчки граничар е ранет во пукање во близина на грчко-турската граница

21.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грчки граничар е ранет во пукање во близина на грчко-турската граница

Граничниот полицаец е хоспитализиран, а освен него нема други повредени.

Истрелите доаѓале од турска територија додека грчките граничари се обидувале да спречат мигранти илегално да преминат од Турција во област во близина на реката Марица на грчка страна, се вели во соопштението на грчката полиција. /MИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата