Членовите го обвинија Каселакис дека бил авторитарен и дека се оддалечил од идеологијата на партијата.
Во партијата долго време владееше незадоволство од Каселакис, кој кога беше избран во септември минатата година се сметаше за нејзиниот харизматичен спасител.
Тој беше практички непознат во земјата кога победи на изборите за нов лидер на СИРИЗА, заменувајќи го Алексис ципрас, кој поднесе оставка по два лоши изборни резултата.
Каселакис ги опиша резултатите од гласањето како ослободувачки.
„Сега луѓето знаат како се чувствував цензурирано откако бев избран“, рече 36-годишниот Каселакис, кој има и американско државјанство.