Властите синоќа побарале и меѓународна помош за гасење на пожарот од воздух. Пожарот зафатил густа иглолисна шума и брзо се шири, соопшти Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговачко-Неретванскиот кантон.
Според утринскиот биланс, хеликоптерот до 8 часот извршил шест лета за гасење на пожарот.
Хидрометеоролошката служба на БиХ денеска прогласи црвен метеоаларм за екстремно високи температури низ поголемиот дел од земјата. Се очекуваат температури од 36 до 42 степени Целзиусови, а во јужниот дел и повисоки.