Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија

4.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија

- До сега не се огласив од почит кон жртвите и нивните семејства. Оставка поднесов истиот ден кога се случи несреќата во Нови Сад. Сакам да ве информирам дека утре наутро ќе ја поднесам мојата оставка до премиерот, а кога Собранието на Србија ќе ја констатира оставката, ќе престанам да ги извршувам министерските обврски и во техничкиот мандат. Поднесувам оставка како одговорен човек, не можам да прифатам одговорност за несреќата што се случи, а сигурен сум дека истрагата ќе утврди дека никој од луѓето со кои работам не е одговорен, рече Весиќ.

Тој посочи дека „ниту тој, ниту луѓето кои работат со него немаат ни трошка одговорност за трагедијата што се случи“.

- Истрагата ќе го утврди тоа. Како што знаете, јас прв се јавив на поканата за рочиште. Министерството со ниту еден акт не можеше да влијае на проектот и на квалитетот на реконструктивните работи во Нови Сад, рече Весиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата