Голоб под истрага поради наводен притисок врз поранешната министерка за внатрешни работи

20.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голоб под истрага поради наводен притисок врз поранешната министерка за внатрешни работи

 Словенечкиот премиер Роберт Голоб е предмет на истрага поврзана со тврдења на поранешната министерка за внатрешни работи Татјана Бобнар дека трпела неоправдан политички притисок пред да поднесе оставка во декември минатата година, потврди Комисијата за спречување на корупцијата.

Претходно надзорниот орган на 3 ноември објави дека отворил истрага по претставка во која Бобнар наведува политички притисок врз работата на полицијата, откако во својата прелиминарна истрага се посомнева дека има повреда на интегритетот и законот за спречување на корупција.

Истрагата продолжува за дел од наводите во жалбата на Бобнар, додека дел од тврдењата од жалбата се уште се проверуваат во прелиминарно разгледување, а според надзорниот орган, понатамошната постапка ќе покаже дали констатираните сомнежи за прекршување на законот ќе биде потврдени или отфрлени. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата