Големи пожари во Грција во близина на Атина и на островот Родос

22.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Големи пожари во Грција во близина на Атина и на островот Родос

Пожарот избувнал во близина на населбата Сикамино нешто пред 15 часот, а на местото се испратени 73 пожарникари и 16 возила, а воздушна помош пружиле седум авиони и четири хеликоптери.

Во изјава за Катимерини, градоначалникот на Оропос, Јоргос Јасимакис, рече дека пожарот стивнува и дека во моментов нема активни фронтови, пофалувајќи ја работата на единиците на терен.

Во месноста Вриси на Родос избувнал пожар во близина на куќите, поради што на мештаните им било кажано да бидат на готовност.

На терен работат околу 28 пожарникари со осум возила, три авиони и еден хеликоптер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата