Европската комисија ги одобри реформските агенди за пет земји од Западен Балкан

23.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европската комисија ги одобри реформските агенди за пет земји од Западен Балкан

Комисијата ги одобри реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, кои вклучуваат обврски за спроведување на социо-економски и фундаментални реформи за поттикнување на раст и приближување кон ЕУ во периодот од 2024 до 2027 година.

Како што се додава во соопштението објавено на сајтот на Еврокомисијата, овој чекор бил клучен за да се овозможат плаќања во рамките на Инструментот за реформи и раст на ЕУ од шест милијарди евра, кои ќе бидат направени по завршувањето на договорените реформски чекори.

Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, го пофали трудот на партнерите од Западен Балкан, истакнувајќи дека нивната посветеност кон реформите е голем чекор напред кон членството во ЕУ.

- Импресионирана сум од работата на нашите партнери од Западен Балкан на нивните реформски агенди. Тоа покажува дека тие се посветени на успехот на Планот за раст. Тоа е нашиот Патоказ за да ги доближиме економиите од Западен Балкан до нашата и да им дадеме на нивните компании пристап и средства да се натпреваруваат на нашиот единствен пазар. Сите имаат корист, а тоа е голем чекор кон Европската унија, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, која денеска ја започнува западнобалканската турнеја. 

- Во нивните амбициозни реформски агенди, петте влади од Западниот Балкан се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги преземат за да го поттикнат растот и поврзувањето со ЕУ согласно Планот за раст за периодот од 2024 до 2027 година, соопшти Европската комисија. 

Во соопштението се додава дека одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата