Комисијата препорачува советот на Унијата да го одобри влезот на Бугарија во еврозоната од почетокот на 2026 година. Комисијата потсетува дека сите држави членки на ЕУ стануваат дел од еврозоната штом ги исполнат критериумите, освен Данска, која пред пристапувањето побарала изземање од обврската за воведување на Еврото. Според оценката, бугарската економија е доволно подготвена, а националното законодавство е усогласено со европското. По денешните извештаи на Европската комисија и Европската централна банка, започнува законодавен процес во Унијата, а одлуката за влезот ќе се носи по три точки, при што за определување на курсот Лев-Евро ќе биде потребна едногласност, а за останатите делови ќе биде доволно квалификувано мнозинство.