Тој оцени дека сè се сведува на разговори за прашања како што е дозволувањето влез во БиХ со лични карти од Косово
Додик истакна дека БиХ не ја признала еднострано прогласената косовска независност и дека односите со Косово треба да бидат официјални преку Србија.
На самитот во Берлин учествуваат претставници од земјите на Западен Балкан и Европската Унија.