Дачиќ: Ликвидиран убиецот на српскиот полицаец во Лозница

19.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дачиќ: Ликвидиран убиецот на српскиот полицаец во Лозница

Српските медиуми објавија дека 33-годишниот Фатон Хајризи бил лоциран и смртно застрелан во Лозница, откако давал отпор и отворил оган кон полицијата. Тој пред два дена го уби 34-годишниот полицаец Вјекослав Илиќ, а рани негов колега за рутинска полициска контрола на такси возило, во кое се наоѓал убиецот заедно со свој пријател.

 Хајризи пред една недела побегнал од затвор во Косово, каде отслужувал казната за убиство на руски војник на кфор и други злосторства. Тоа, според српските медиуми, било негово деветто бегство од затвор..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата