Четири лица, меѓу кои бебе и девојче, загинаа во страшна сообраќајка во Грција (ВИДЕО)

26.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четири лица, меѓу кои бебе и девојче, загинаа во страшна сообраќајка во Грција (ВИДЕО)

Тешка трагедија се случи во попладнево на автопатот Пиргос - Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобила, загинаа во сообраќајна несреќа, пишува Protothema.

До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.

Камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекле настраданите.

Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живеело во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син се повредени и пренесени во болницата во Патрас.

Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојче (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.

Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишниот камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.

Затворен е магистралниот пат Пиргос - Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат преку Илија.

Сообраќајната несреќа се случила во регионот познат како „Свртување на Илија“, каде во минатото се случувале многу слични несреќи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата