Чадеш: Производството на „е-панда“ е најзначаен датум за српската економија

22.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чадеш: Производството на „е-панда“ е најзначаен датум за српската економија

Тој посочи дека со „електричната Панда“ во Србија доаѓа технологија, знаење и револуционерни чекори во секторот на и-мобилност (eMobility).

- Ова е сериозна промена за нас. Србија станува една од ретките земји на мапата на производители на електрични возила, а тоа треба да нè радува сите. Ова ќе ги придвижи Крагуевац и Србија на сосема поинакво ниво на развој, истакна Чадеш.

Компанијата ФЦА Србија денеска официјално ќе ја одбележи успешната реализација на проектот во фабриката Стелантис во Крагуевац – воведување нови линии за производство на електричниот модел „Фиат Гранде Панда“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата