Невообичаена ситуација е снимена во Ваљево, а во видеото кое е хит на мрежите се гледа како избегано животно трча по патот низ населбата Гориќ.
На кој ли домаќин му побегнало, како рекоа, прасето. Сепак, тоа не е прасе, експертите коригираа дека е дива свиња која можеби тргнала во љубовен лов и по некоја случајност се нашла на сред пат!
Коментарите под видеото се хумористични, а истото е измонтирано со необична музика...