Бугарскиот парламент одобри испраќање непотребно оружје во Украина

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарскиот парламент одобри испраќање непотребно оружје во Украина

Пратениците одобрија испорака на Украина на неисправни ракети земја-воздух за рускиот систем за воздушна одбрана С-300 и муниција за автоматско оружје од мал калибар, отфрлени од Министерството за внатрешни работи.

Воените експерти велат дека ракетите не можат да се поправат во Бугарија, но Украина може, или да користи делови од нив.

Началникот на Генералштабот, адмирал Емил Ефтимов, ги увери пратениците дека испраќањето оружје нема да и наштети на одбраната на Бугарија.

Тој изјави дека „немаат намера да и го дадат (на Украина) целиот ракетен комплекс С-300 додека не најдат можност за замена“.

Гласањето ја покажа поделеноста на земјата околу испраќањето воена помош за Украина – наиде на критики од Социјалистичката партија и проруските националисти од Партијата на преродбата кои гласаа против испраќањето на помошта.

Бугарија сè уште има залихи на застарено советско оружје и многу фабрики за муниција за нив, иако влезе во НАТО во 2004 година./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата