Тој денеска заедно со македонскиот министер за здравство Арбен Таравари и министрите за надворешни работи на земјите Георг Георгиев и Тимчо Муцунски, ја посетија Универзитетската мултипрофилна болница за активно лекување и ургентна медицина (УМБАЛСМ) „Н.И. Пирогов“, пренесе БТА.
- Никогаш не размислувавме дали ќе помогнеме или не. Првата и единствена реакција и мисла беше како и како што побрзо да се организира евакуацијата и да се создадат идеални услови за транспорт на вакви исклучително тешки пациенти, бидејќи тие се на механичка вентилација и секогаш може да се очекува некаков колапс, појасни Кирилов.