Бугарија доби нова редовна политичка влада, предводена од Росен Жељазков

16.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарија доби нова редовна политичка влада, предводена од Росен Жељазков

Со 125 гласа „ЗА“, 114 „против“ бугарскиот Парламент даде зелено светло на новата влада на чело со 56 годишниот Росен Жељасков, во која се вклучени министри од ГЕРБ-СДС, БСП и „Има таков народ“.Но, за новата влада да добие мнозинството, клучната поддршка ја дадоа одпартијата ДПС на Ахмет Доган, која сепак нема да биде дел од Кабинетот.

Новата Влада фокусот ќе го стави на квалитетот на живот на граѓаните, особено во областите на образованието, здравството и развојот на економската и енергетската сигурност, изјави Жељазков при претставувањето на програмата..

„ Сето ова можеме да го постигнеме во името на нашиот национален интерес со чесна работа со поддршка на стабилно мнозинство во ова Народно Собрание и конструктивна критика од страна на опозицијата. На крајот дозволете да се заблагодарам на моите колеги од преговарачкиот тим за професионалната работа, благодарам на парламантерната група на ГЕРБ-СДС за поддршката и најмногу сакам да му се заблагодарам на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов за неговата државничка далекувидност и политичка мудрост“-Росен Жељасков.

Од опозициската „Продолжуваме со промените“, и покрај тоа што и посакаа успех на новата влада, сепак изразија скептичност за стабилноста  и долготрајноста на владиниот кабинет поради идеолошки и политички разлики во коалицијата. 

-Ако тешките прашања не се договорени пред правење на владата, многу е тешко тие да бидат договорени после тоа и најверојатно ќе имате доста пречки од вашите коалициони партнери, не ви го посакувам, но тоа е тежината да сте премиер,- Асен Василев–  9/46 -  Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија .

По седницата успех на новата Влада и посака бугарскиот претседател Румен Радев кој порача дека на земјата и е потребна стабилна влада која ќе ги брани националните интереси. Непсоредно по изборот на владата  Жељазков седна во премиерскиот кабинет, преземејќи ја должноста од неговиот претходник Главчев. Изборот на политичка влада во Бугарија сега го отвора патот за сериозен дијалог за отворените прашања, македонската влада во меѓувреме очекуваше стабилен соговорник во Софија, што и за поранешниот амбасаодр Марјан Ѓорчев е клучно за посериозен исчекор.

-Мислам дека оваа Влада ќе биде достојна за разговор, ако ништо друго ние ќе ги знаеме нивните позиции кои се и сега јасно познати и на социјалистите, и на либералите и на десничарите во Бугарија, Важно е дека нема луѓе кои скршнуваат од европските вредности и мислам дека ако ништо друго ќе знаеме дека остануваат на своите тврди позици и од тука натаму ќе ја градиме нашата позиција така како што треба исклучиво потпирајќи се европските вредности и тоа што претставува за Европа узанс согласно Копенхагенските критериуми согласно договорот од Ница и на база на тоа да бидеме креативни, конструктивни и да бараме рамноправност во договорот,- Марјан Ѓорчев – Поранешен амбасадор.

Ставот на нашата Влада е дека единствениот прифатлив компромис кој ќе овозможи предвидливост на нашиотевропски пат се уставни измени со одложено дејство а со изборот на легитимен соговорник во Софија и со добра волја од двете страни да се дојде до прифатливо решение. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата