Босанец се фалел на социјалните мрежи како вози со нозете- го стигна казна (ВИДЕО)

4.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Босанец се фалел на социјалните мрежи како вози со нозете- го стигна казна (ВИДЕО)

Откако видеото стана вирално, тој бил уапсен, потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон (ХНК).

„Полициските службеници од Полициската управа Коњиц, со цел да го идентификуваат неидентификуваниот возач кој управувал патничко возило по улиците на градот Коњиц, држејќи го воланот со нога, што беше објавено на неколку интернет портали и социјални мрежи, презедоа мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност“, соопшти Министерството за внатрешни работи на ХНК, пренесува Аваз.

Покрај тоа што го вози воланот со нога и извршувал опасни дејствија како што се престигнувања, тој се пофалил дека возел со 200 километри на час на автопатот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dnevni avaz (@dnevniavaz)

Преку оперативна работа на терен, полициските службеници од Полициската управа Коњиц дознале дека станува збор за лицето А. А. (31) од Коњиц, кој добил сериозна казна.

Врз основа на наредбата на Општинскиот суд Коњиц, со согласност на дежурниот кантонален обвинител, извршен е претрес на куќата и возилото што ги користело гореспоменатото лице, со цел документирање на кривичното дело „предизвикување општа опасност“.

„За време на претресот се пронајдени предмети и траги што го поврзуваат гореспоменатото лице со извршувањето на опишаното кривично дело. Осомничениот е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени законски предвидени мерки и дејствија“, соопшти Министерството за внатрешни работи на ХНК.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата