Борел со препорака за укинување на мерките за Косово

19.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Борел со препорака за укинување на мерките за Косово

 Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел им препорача на земјите-членки на ЕУ укинување на казнените мерки против Косово, јави Радио Слободна Европа повикувајќи се на извори запознаени со содржината на документот.

Истите извори потврдуваат дека Борел таа препорака ја засновал на фактот дека Косово презело чекори кон исполнување на барањата на ЕУ изразени во соопштението од 3 јуни 2023 година.

Амбасадорите на земјите од ЕУ ќе разговараат за овој документ денеска. Изворите на РСЕ нагласуваат дека дискусијата на амбасадорско ниво ќе зависи од тоа како ЕУ ќе постапи по тоа прашање. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата