Според очевидци, детето по падот давало знаци на живот и итно било пренесено во Општата болница во Нови Пазар, каде лекарите во моментов се борат за неговиот живот, јавува Информер.
Според неофицијални информации, здравствената состојба на детето е критична, а засега не се познати околностите под кои дошло до несреќата.
-Бев во кафулето на приземје од зградата, мислев дека некој фрлил жолта кеса од терасата и почнав да пцујам, но кога го видов детето не можев да поверувам - изјавил за Информер еден од очевидците.
Од катот од каде што постои сомневање дека детето паднало се гледа отворена тераса, како и ниска ограда.
Полицијата веднаш излегла на терен и во моментов се води истрага за да се утврди што довело до инцидентот.