Анкета на „Тренд“: ГЕРБ на Борисов 24,9%, „Преродба“ на Костадин Костадинов на второ место

25.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анкета на „Тренд“: ГЕРБ на Борисов 24,9%, „Преродба“ на Костадин Костадинов на второ место

Според истражувањето направено врз 1.002 испитаници во периодот од 16 до 22 октомври, ГЕРБ-СДС има поддршка од од 24,9 отсто од гласачите, на второто место е про-руската „Преродба“ на Костадин Костадинов со 15,2, а веднаш зад неа „продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ на Кирил Петков и Асен Василев со 14,8 отсто... Следуваат ДПС на Ахмед Доган со 7,8 отсто и отцепената „ДПС – нов почеток“ на Дељан Пеевски со 7 отсто.. „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифунов и бугарските социјалисти пак се речиси изедначени со 6,6 и 6,5 отсто поддршка... Изборите кои треба да се одржат за два дена во Бугарија се седми парламентарни избори за три години

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата