Американскиот амбасадор во Косово: ФБИ вклучен во истрагата за диверзијата на каналот Ибар

21.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американскиот амбасадор во Косово: ФБИ вклучен во истрагата за диверзијата на каналот Ибар

Тој рече дека САД дале поддршка од ФБИ за овој случај и дека истрагата е во тек

„Ние обезбедивме и донесовме поддршка од ФБИ овде на Косово за да работи директно и со полно работно време со косовските органи за спроведување на законот, со цел да се идентификуваат одговорните и да се осигура дека истрагата е веродостојна, сеопфатна и води до соодветни заклучоци“, рече тој.

„Значи, се што можам да кажам за податоците, сугестиите или насоката на истрагата е дека американската влада се уште не е во позиција да каже дека донесовме заклучоци или дека знаеме кој е одговорен за тој напад“.

Ховениер додал дека откако ќе се открие вистината, ќе соработува со косовските власти за одговорните за ова злосторство да бидат изведени пред лицето на правдата, пренесоа приштински медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата