Веста ја објави министерот за одбрана Пиро Венгу кој соопшти дека утринава екипажот на бродот „Орику“ П132 во координација со крајбрежната стража на Турција и Грција извршил спасувачка акција, обезбедувајќи помош на гумен чамец со 12 мажи, 18 жени и 10 деца.
-Благодарение на професионалноста на нашиот екипаж и блиската меѓународна соработка, операцијата е успешно завршена, со предавање на мигрантите на понатамошна грижа на турската крајбрежна стража, напиша Венгу во објава на Фејсбук.
Од 2016 година, кога Албанија стана дел од мисијата на НАТО, во Егејско Море припадниците на албанската морнарица спасиле повеќе околу 3.500 илегални мигранти, меѓу нив голем број жени и деца. /МИА