- Овој договор им обезбедува на албанските и на српските граѓани голем број бенефиции, како што се: старосна пензија, надоместоци за мајчинство, семејна пензија, инвалидска пензија итн. Исто така, обезбедува обединување на периодите на придонеси, гарантирајќи дека граѓаните нема да ги изгубат своите работни години. Ова е важен развој во заштитата на правата на граѓаните што живеат и работат во двете земји, објави министерот Бленди Гонџја.
Додава дека договорот е според стандардите на ЕУ, врз основа на „регулативите на Советот и Европскиот парламент за координација на шемите за социјално осигурување“.
-Ова е уште еден значаен чекор кон социјална заштита без граници и европска интеграција, оцени тој, најавувајќи дека ќе биде доставен до парламентот за ратификација.
На први овој месец стапи во сила законот за признавање на пензиите меѓу Албанија и Италија, од кој придобивка ќе имаат 500 илјади албански и 4 илјади италијански граѓани. Вакви договори Албанија има и со Македонија, Косово, Турција, Канада, Германија, Белгија, Луксембург, Австрија, Швајцарија, Чешка и Унгарија. Во завршна фаза се со Бугарија, Романија, Црна Гора и Хрватска.