Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ

20.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ

Последните неколку недели Хрватска, Чешка, Италија и Литванија, кои на големо увезуваат овошје од Албанија, по направените анализи од граница ги вратиле назад камионите натоварени со ова овошје.

- Мандарините содржеле остатоци од неколку супстанции опасни по здравјето на луѓето и се забранети за продажба во ЕУ. Поточно, станува збор за високо присуство од хлорпирифос и фосмет, кои како несакани ефекти имаат влијание врз развојот на мозокот кај децата, нарушувања на нервниот и ендокриниот систем, како и зголемен ризик од срцеви заболувања и рак, објавија албанските медиуми.

Вратените мандарини биле произведени во подрачјето на Берат, Љушња и Фиер, каде нивните сопственици за Топ чанел изјавиле дека „не знаат какви препарати користеле, го купувале тоа што им го даваат трговците“.

- Ќе почнеме проверки и во земјоделските аптеки за да се види дали се тргува со забранети пестициди. Ова може да се повтори. Она што не загрижува е тоа што овие препарати се категорично забранети за употреба, но повеќе од сигурно е дека нелегално се внесуваат во земјава, изјавиле од Агенцијата за телевизијата.

Албанија, во просек годишно извезува над 20.000 тони мандарини, добар дел од нив завршуваат на македонскиот и косовскиот пазар./MИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата