14-годишен тинејџер со нож уби полицаец во Босна ,а тешко рани друг

25.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
14-годишен тинејџер со нож уби полицаец во Босна ,а тешко рани друг

Според информациите малолетникот влегол во полициската станица и со нож нападнал двајца полицајци. Еден полицаец е во тешка состојба, додека другиот им подлегна на повредите.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи на Босна изјави дека нападот се случил околу 21 часот кога 14-годишен малолетник упаднал во полициската станица и со ладно оружје нападнал двајца полицајци. Ранетиот полицаец се бори за живот додека другиот им подлегнал наповредите на  пат кон болница. Напаѓачот е уапсен, а мотивите за нападот се уште не се познати,нивото на безбедност е зголемено на повисоко ниво. Босанска крупа се наоѓа на околу 200 километри северозападно од Сараево.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата