Ребел Вилсон се појави со својата девојка како ја шетаат новородената ќерка (ФОТО)

23.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ребел Вилсон се појави со својата девојка како ја шетаат новородената ќерка (ФОТО)

Папараците ги забележаа на опуштена прошетка во Аспен, а актерката на Инстаграм сподели фотографија на која позира со новородената ќерка.

Ѕвездата на Pitch Perfect во ноември објави дека го добила своето прво дете, родено од сурогат мајка. Таа потврди дека целосното име на нејзината ќерка е Ројс Лилијан Елизабет Вилсон и откри дека нејзиното средно име ѝ го дала по кралицата Елизабета.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Сакав и оригинално име што започнува со буквата Р и на крајот решив да ги земам овие три. Лилијан и Елизабет се имињата на жените во моето семејство на кои им се восхитувам. А моето средно име е Елизабета, по покојната кралица “, открива таа за People. Таа додаде дека држењето на малото девојче за прв пат во раце било „нереално и возбудливо“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Претходно таа ги изненади своите обожаватели кога на Инстаграм се отвори за својот љубовен живот и откри дека е геј. Таа тогаш потврди дека е во врска со Рамон Агрум, дизајнерка на облека и накит и сопственичка на брендот Lemon Ve Limon.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Мислев дека го барам мојот принц од Дизни… Но, можеби она што навистина ми требаше цело време беше принцезата на Дизни“, напишала 42-годишната актерка покрај фотографијата со својата девојка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата