Лилија Новакова или најубавиот покер играч од Русија, како што ја нарекувале, е пронајдена мртва во својот стан во Москва и тоа на подот во купатилото, а се сомневаат дека се работи за струен удар. Тамошните медиуми пренесуваат дека оваа 26-годишна девојка најверојатно го полнела телефонот или некој друг уред во моментот кога ја удрила струја.
Новакова била многу талентирана за математика, особено аритметика, а имала диплома инженер која ја стекнала на еден од најдобрите руски универзитети. Интересно е дека никогаш не се согласила да работи во некоја од водечките индустриски компании, туку се определила за кариера на професионална покер ѕвезда, а се покажало и дека тоа е многу поисплатливо занимање.
Била позната и како онлајн играч, но и играч во реалниот живот. Важела за најубава и најсексапилна жена во светот на покерот.
