Во Обвинителството е повикан д-р Жан Митрев, кој е на распит кај обвинителката која го води предметот кој беше отворен после сторијата на ИРЛ „Нечиста крв“ за лекување на Ковид пациенти со хемофилтрација.
-Точно е дека лицето е повикано на распит во обвинителството за одредени околности за предметот кој беше отворен во обвинителството по допрен глас. Распитот го води обвинителката која го работи предметот, велат од Обвинителството за ,,Фокус”.
Како што е познато, Обвинителството отвори предмнет, по серијалот емисии Нечиста крв за наводни неправилности во таа приватна болница поврзани со лекување на пациенти.