Тухел со критики до свој фудбалер: Беше премногу алчен…

1.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тухел со критики до свој фудбалер: Беше премногу алчен…

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел го искритикува дефанзивецот Ким Мин-Џае за настапот на мечот со Реал Мадрид кој заврши 2:2. Кореецот има вина за двата гола во мрежата на Мануел Ноер. Во првиот случај дозволи Винисиус да му избега, а при вториот го фаулираше Родриго во казнениот простор и му дозволи на Реал да изедначи од пенал.
Тој беше алчен и во двата случаи. Првиот потег го направи прерано на Винисиус при првиот гол и беше фатен на дело од додавањето на Тони Крос. Тој се мислеше премногу и беше премногу агресивен. Вториот гол, за жал, беше пет на два, немаше потреба да се браниме агресивно против Родриго, но Ким го фаулираше. За жал со нивниот квалитет, овие грешки се казнуваат, но добро, мора да продолжиме понатаму“, изјави Тухел по средбата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата