Само 130 милиони евра: Наполи ја одреди цената за Кварадона!

1.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Само 130 милиони евра: Наполи ја одреди цената за Кварадона!

Веќе неколку месеци наназад се шпекулира со трансфер на Квича Кварацкелила во Барселона. Засега нема ништо од тоа, а ако се проанализира потегот кој што сака да го направи Арелио Де Лаурентис, во блиска иднина тешко дека каталонците ќе можат да дојдат до Кварадона, најдобриот грузиски фудбалер во моментов.

Имено Наполи бара 130 милиони евра за Кварацкелија, а има намера да го продолжи договорот со него. Условот од Кварадона е драстично да биде зголемена платата од 1,5 милиони евра по сезона на најмалку 5 милиони, што за Де Лаурентис не претставувал никаков проблем ако се знае дека по Виктор Осимен, Грузиецот е вториот играч од кого Наполи планира да ја наполни касата со евентуална продажба во некој гигант.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата