Парма се враќа во Серија А!

1.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Парма се враќа во Серија А!

Италијанска Парма се врати во Серија А. Трикратниот освојувач на Купот на Италија официјално се врати во елитата, откако денеска на меч од 36. Коло на Серија Б одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Бари, што беше доволно за потврда на местото во елитата следната сезона.

Парма има 74 бода на две кола до крајот. Вториот Комо има 71, а третата Венеција има 67.

Парма во 2021 година испадна во Серија Б за првпат по преструктуирањето на клубот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата