Дортмунд – ПСЖ, прв чин од пресметка за финале во ЛШ

1.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дортмунд – ПСЖ, прв чин од пресметка за финале во ЛШ

Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен се соочуваат еден против друг во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Натпреварот на „Сигнал Идуна Парк“ започнува во 21:00 часот, а ќе го води Англичанецот Ентони Тејлор. Реваншот е на Паркот на принцовите е на 7 мај.

Двата тима на почетокот на сезоната не беа меѓу фаворитите за трофејот, но со силни настапи стигнаа до претпоследната фаза на турнирот.
Дортмунд и ПСЖ наесен успеаја да излезат од „групата на смртта“ пред Милан и Њукасл. Германскиот тим заврши прв, а францускиот беше второпласиран. На својот стадион ПСЖ и го нанесе единствениот пораз на Борусија во групната фаза (2:0), а мечот во Дортмунд заврши 1:1.

Во елиминациите Борусија ги исфрли ПСВ Ајндховен и Атлетико Мадрид, додека ПСЖ се справи со Реал Сосиедад и Барселона.
Тренерот на парижаните, Луис Енрике, очекува одлично шоу од двете екипи.
Верувам дека овој натпревар ќе биде голем спектакл со многу голови, не само за навивачите на двата тима, туку за сите што го сакаат фудбалот“, изјави тренерот на ПСЖ.

Проблемите со кои се соочува тренерот на домаќините, Един Терзиќ, се поврзани со отсуството на Рами Бенсебаини и Жулиен Дуранвил. Сепак, Марсел Забицер и Дони Мулен се вратија на тренинзите со тимот и се очекува да играат вечерва.
Во моментов ПСЖ е на својот врв и мораме да го надминеме тоа што го прикажавме против францускиот тим во есенскиот дел. Уверени сме дека ќе покажеме дека сме напредувале“, изјави Терзиќ.
ПСЖ продолжува да ја следи големата цел на катарските сопственици – триумф во Лигата на шампионите. Во 2020 година, тимот стигна до финалето, но загуби од Баерн. Борусија Дортмунд го освои турнирот во 1997 година и загуби во финалето од Баерн Минхен во 2013 година.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата