Повеќе од 11.000 навивачи на Баерн Минхен се потпишале на петиција за останување на Томaс Тухел на кормилото на баварскиот гигант. Петицијата под наслов „Го сакаме Томас Тухел, а не Рангник!“ се потпишува со цел да се охрабри раководството на клубот да му даде шанса на Тухел да го води тимот и следната сезона.
Дел од навивачите сметаат дека Тухел е вистинскиот човек кој треба да продолжи да го води клубот.
Во моментов се зборува дека поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник е во напредни преговори да стане иден тренер на баварците.