Трипуновски: На земјоделците не им е потребна милоста на Заев, туку ПЛАСМАН ЗА НИВНИТЕ ПРОИЗВОДИ

24.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трипуновски: На земјоделците не им е потребна милоста на Заев, туку ПЛАСМАН ЗА НИВНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски преку видео објавено на Фејсбук вели дека додека владата вели дека блескаме, Македонија тоне во економска криза.

Додека владата вели дека блескаме, Македонија тоне во економска криза. Ова е жалната реалност на македонското земјоделство. На земјоделците повеќе им се исплати да го уништат родот, отколку да го продадат под цена на производство.
Никола Димитров наместо да се занимава со пишување фермани на фејсбук, нека сврти некој телефон и нека договори извоз за земјоделците, на нив не им треба милоста на Заев спакувана во пакети за поткуп делени од Трајан Димковски, на земјоделците им треба пласман за достоинствено да го продадат својот род и да создадат денар повеќе за своите фамилии, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата