Паника во британско село: Среде бара се појави голем крокодил

8.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паника во британско село: Среде бара се појави голем крокодил

По поплавите, мештаните ја алармирале полицијата и пријавиле неверојатна работа - крокодил демне во езерцето!

На местото на настанот веднаш пристигнале патроли и затекнале необична глетка, пренесува Метро.

Главата на опасен предатор ѕиркала од водата, но тоа била пластична играчка! Навистина, изгледала крајно реално, па не е чудно што владеела паника кај локалното население.

Детската играчка (во природна големина) била отстранета од езерцето, а останува мистерија кој и зошто ја оставил таму. Може да е нечија шега...

Надлежните го објавија необичниот случај.

„Не секој ден добиваме пријава за крокодил во поплавениот Челсбери. Не грижете се, Кроко е со нас во полициската станица“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата