На осигурителните компании на денешниот состанок во финансии ќе им се даде рок до утре да ги вратат старите цени, а ако тоа не го сторат на утрешната владина седница ќе биде доставен предлог за промена на тарифникот со кој дирекно ќе се влијане на враќањето на старите суми за овие полиси, неофицијално дознава Телма.
Состанокот во Министерството почна во 13 часот, присутни се претставници од Националното биро, од финансии и од Агенцијата за супервизија на осигурениците.
На поскапувањето на полисите реагираа од АСО со образложение дека зголемувањето не е оправдано.
Од Националното биро пак соопштија дека цената се зголемува за 15 проценти затоа што со години не е променета, а трошоците во овој бизнис се зголемени.