World Population Review објави листа на европски земји според трошоците за живот, рангирани од најскапи до најевтини. Листата составена од оваа американска организација за собирање податоци за глобалното население и демографија вклучува 41 европска земја.
Пресметката е направена со споредување на цените на стоките и услугите во Њујорк, а се земени предвид пет критериуми - трошоците за живот воопшто, цените на киријата или домувањето, цените на намирниците, цените на рестораните и индексот на цените на производителите.
Според оваа пресметка, најскапи земји за живеење се <b>Швајцарија и Исланд</b>. По нив следуваат два британски даночни раја - островите Џерси и Гернзи, а на петтото место е Ирска.
Меѓу десетте најскапи се <b>Норвешка, Луксембург, Данска, Холандија и Велика Британија</b>. Австрија е 11-та, а Германија 12-та.
<b>Гледајќи кон дното од табелата, земјата со најниски трошоци за живот е Белорусија. Малку над него се две завојувани држави - Украина и Русија, а потоа следуваат Северна Македонија и Молдавија.</b>
Бугарија е рангирана на 36-то место, што ја прави најевтина (и, се разбира, најсиромашна) членка на Европската Унија, и е наречена „еден од скриените скапоцени камења во Европа за туристите и иселениците“. Веднаш над неа, на 35-то место, е Романија, додека соседна Србија го зазема 34-то место.
Од земјите во регионот, Словенија е најскапа за живеење и се наоѓа на 25. место. Заедно со Словенија, најскап живот во земјите од регионот има Хрватска, која е на 29. место. По нив следуваат Црна Гора на 31., Унгарија на 32, додека Босна и Херцеговина не се најде на оваа листа.
Полска е на 30. место, а поскапи од неа се Словачка, Летонија, Литванија, Словенија, Грција, Естонија, Чешка, Португалија и Шпанија, кои се рангирани по тој редослед до 20. место.