ЗАГРИЖУВАЧКИ:Хакери со нов метод ги изложуваат на ризик смартфоните со Android

Google постојано ги подобрува механизмите за откривање и блокирање на ширењето на вирусите во Android паметните телефони. Компанијата исто така работи со многу независни специјалисти и експерти за безбедност кои, пак, го следат постоењето на такви закани. Цврстите мерки на Google се причина секој месец од онлајн проданицата да се бришат стотици апликации што ги ставаат на ризик нашите лични податоци. Сега дознаваме за нов метод со кој хакерите ја надминуваат заштитата на Google Play.

Експертите од Symantec открија дека развивачите на малициозни апликации, кои веќе се отстранети од платформата, лесно можат да ги вратат назад. За да го сторат тоа, потребно е само да го сменат името на програмата како и издавачот, пренесе „Engadget". На овој начин, сопствениците на паметни телефони со Android можат лесно да бидат донесени во заблуда, дека симнуваат легитимен софтвер, кој потоа може да им предизвика многу проблеми. Symantec открија најмалку пет мобилни апликации од овој тип кои се моментално достапни во Google Play.

Google е свесен за ситуацијата, но оваа техника е загрижувачка, бидејќи може да се применува повеќе пати од хакерите. За да откријат слична закана, филтрите на Google Play треба детално да го анализираат изворниот код на апликацијата. Symantec тврди дека новиот пристап сè уште се користи од премалку програми во онлајн продавницата. Меѓутоа, за нас корисниците е непријатно да разбереме дека постојат постојано нови методи кои ги ставаат во ризик нашите лични податоци.

Поврзани

Најнови вести

Коментари